ПОВЕЌЕ

    ЛЕВИЦА: „Генералката за Карпош“ ќе ја исчисти општината од отпад и корупција, културата еден од приоритетите

    Време зa читање: 2 минути

    Културата е еден од нашите приоритети во Општина Карпош и Левица ќе работи на обновување на културата на урбано живеење за Карпошани, велат од политичката партија Левица, која вчера им ги претстави на жителите на оваа општина својот кандидат за градоначалник на Карпош, Антонио Димитровски, како и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ.

    „Ова не е уште една празна кампања — ова е “генералка на Карпош“! Да го исчистиме од отпад, од корупција, од самоволието на партиските шефови, истакнаа од Левица на вчерашната средба со граѓаните на Карпош.

    Програмата на Левица за развој на културата во оваа скопска општина, меѓу другото предвидува изведба на споменици во Карпош, како оној на народниот херој чоешто име го носи – Христијан Тодоровски Карпош, по повод 50-годишнината од основањето на општината. Исто така, планирано е создавање на мултимедијален простор за млади, одредување на локации за јавни перформанси на индивидуални уметници или групи, расчистување и реставрација на “Хавзи-Пашините Конаци“ во Бардовци и изградба на пристапен пат и парковско уредување на просторот околу римскиот аквадукт. Подготовка на теренот околу Скупи и Зајчев Рид, со станицa и објекти за туристи е исто дел од културните иницијативи на Левица во Карпош. 

    Од оваа партија планираат заживување на „карпошовската страна” на Водно, изградба на полетно-слетна платформа за параглајдери на Водно и други иницијативи од полза за граѓаните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично