Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.
Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.