ПОВЕЌЕ

    Летните одмори започнаа-расте интересот за корона осигурување, колку чини и што покрива?

    Време зa читање: 4 минути

    Летните одмори веќе започнаа. Во комбинација со укинување на дел од рестриктивните мерки за патување граѓаните побрзаа да ги посетата најблиските туристички дестинации. Освен пасош, ПЦР тест и зелен картон за автомобилот секако патничкото осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите, а во услови на корона, ситуацијата е дополнително посложена. Осигурителните компании што pari.com.mk ги контактираше велат корона осигурување нудат уште од лани, но побарувачката сега е особено зголемена во пресрет на одморите.

    Патничкото осигурување нуди осигурително покритие од поголем број ризици и до различни осигурени суми, во однос на тоа кој пакет ќе го изберете.

    Еуролинк осигурување нуди и покритие на патни трошоци за нeпланирано враќање 

    Од Еуролинк осигурување посочуваат дека со измени и дополнување на Условите за патничко осигурување го имаат проширено покритието за патничко осигурување со покритие за Ковид-19 уште во октомври минатата година.

    -Нашето патничко ги покрива трошоците за лекување од Ковид-19, а овозможивме и дополнително покритие на сите патни трошоци за непланирано враќање во земјата поради лекување од КОВИД-19 во итен случај. Лекувањето во случај на Ковид-19 е вклучено во основниот пакет. А осигуреникот има можност со минимална доплата да вклучи и покритие на трошоците за итно враќање во земјата заради Ковид-19. Со ова дополнително покритие, Еуролинк ги покрива трошоците за итно враќање во земјата со авион, автобус или воз за нашиот осигуреник и неговото семејство. А доколку патувале со автомобил и враќање со автомобилот не е возможно заради болеста, ние ќе се погрижиме возилото да биде вратено во земјата и ќе ги покриеме трошоците за тоа, вели  Борче Попризов, директор на продажба, Еуролинк осигурување.

    Патничкотот осигурување за лица до 65 години е иста цена, а за лица над 65 години има доплаток.

    -Патничко осигурување на Еуролинк во кое е вклучено и лекување од Ковид-19 започнува од пола евро на ден, односно 30 денари на ден. Со ова, нашите осигуреници добиваат покрите за лекување во случај на Ковид-19 до 30.000 евра, односно до 10.000 евра за Австралија, Канада, САД или Швајцарија.  Осигурениците имаат избор за различни пакети и вклучување дополнителни ризици зависно од нивните потреби, со што може да се зголеми цената на осигурувањето, но се зголемуваат и покритијата.Патничкото осигурување на Еуролинк важи за сите земји во светот, и секако тука се вклучени нашите соседи, истакнува Попризов.

    Тој додава дека со враќањето на патувањата се зголемува интересот за патничко осигурување, а покритието на Ковид-19 е неопходност. Еуролинк осигурување веќе имале и осигуреници кои во странство користеле лекување од Ковид-19 со нивното патничко осигурување, и се вратиле во земјата здрави.

    Сава осигурување-ако извадите патничко преку нив имате попуст на ПЦР тестот

    Од Сава осигурување нуди регуларно плус корона осигурување за европските земји плус уште четири Русија, Турција, Тунис и Египет.Трошоците што се покриваат се однесуваат за медицински трошоци, односно не за превентивни како на пример земање брис туку ако патникот е веќе разболен.Од Сава осигурување посочуваат дека регуларното патничко осигурување е 30 денари од ден, додека ако се одлучите да вклучите и корона осигурување тоа ќе чини плус 15 денари односно 45 денари. Со тоа што за четиричлено семејство има 10 проценти попст. Или за 10 дена патничкото осигурување ќе ве чини 461 денари со покритието за корона. За разлика од редовното покритие на трошоците кое изнесува 30.000 евра, кај короната покритието е само 2.000 евра.

    Од Сава осигурување посочуваат дека од минатата недела имаат и новитет во работењето односно сите граѓани што ќе се одлучат да вадат патничко осигурување кај нив ќе имаат попуст во вадењето на ПЦР тест во Биотек, односно ако по редовна цена чини 2100 денари, вака ќе ги чини 1500 денари.

    -До пред две недели патувањето не беше често но сега веќе има зголемен интерес за патничкото осигурување. Досега сме издавале патничко осигурување со корона премија за Албанија, Црна Гора, и Букурешт сега со првенството, а веќе очекуваме зголемен интерес за Грција, велат од Сава осигурување.

    Процедурата за активирање на патничкото осигурување кога е потребна лекарска помош во странство е иста, без разлика дали се работи конкретно за Ковид-19. Клиентот треба да ги контактира во рок од 24 часа на дежурниот број на компанијата кој е достапен 24 часа, 7 дена во неделата или преку маил.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично