ПОВЕЌЕ

    Македонија лани потрошила над 152 милиони долари на увоз на лекови

    Време зa читање: < 1 минутa

    Увозот на фармацевтски лекови минатата година беше на ниво од 421,5 милијарди долари, што е 3,8% повеќе во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

    Македонија е 115-та во светот со увоз на лекови вредни 152.536.000 долари или 0,04% повеќе во однос на 2018 година. Од друга страна, извозот на лекови од земјава лани беше 103,7 милиони долари.

    Пет најголеми увозници на лекови во светот во 2019 година беа: САД (78,8 милијарди долари), Германија (30,8 милијарди долари), Белгија (24 милијарди долари), Кина (21,5 милијарди долари) и Швајцарија (21,2 милијарди долари).

    Од земјите во регионот, најголем увоз на лекови лани имаше Словенија со 3,9 милијарди долари. Потоа следуваат: Грција (2,2 милијарди долари), Бугарија (1,3 милијарди долари), Хрватска (898,8 милиони долари), Србија (804 милиони долари), Босна и Херцеговина (283,5 милиони долари) и Албанија (162 милиони долари).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично