ПОВЕЌЕ

    „КВАЛИФИКУВАНО МНОЗИНСТВО ЗА ПРОШИРУВАЊЕ? АПСУРД СО КОНСЕНЗУСОТ“ – Васко Наумовски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во ЕУ се дебатира дали дел од чекорите во политиката на проширување да се носат со квалификувано мнозинство, за да се избегнат долги блокади на носење одлуки, но и пристапување на нови членки. Но, финалната одлука да се спроведат промените создава парадокс: за да се укине консензусот, повторно е потребен консензус.

    „Има определени иницијативи, по контекст на претходните иницијативи за менување, има иницијатива за менување на начинот на одлучување во политиката на проширувањето, односно наместо сега потребниот консензус, и согласност од сите држави членки, да постои некакво квалификувано мнозинство, како што постои и за други политики, за чекорите кои се потребни до полноправното членство, до одлуката, а самата одлука да биде повторно донесена со консензус, да не се блокираат државите кандидати во процесот на пристапување… Апсурдот е во тоа што за да се донесе таа одлука, одлучувањето за проширувањето да не се носи со консензус, е потребен консензус.“

    Премиера: четврток 12:00 часот, притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично