ПОВЕЌЕ

    Купени речиси 44 отсто од акциите на Градежниот институт Македонија – Вложени милион евра

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од еден милион евра инвестирал познат купувач (или купувачи) во акции на Градежниот институт Македонија. Количината од 5.619 обични акции обезбедуваа 43,78 проценти од акционерскиот капитал.

    Купопродажбата на акциите е реализирана преку блок-трансакција за која известија од Македонска берза.

    Инвеститорот за секоја акција платил по 11.450 денари. Вкупниот износ на трансакцијата е 64.337.550 денари.

    Градежниот институт има издадено 12.836 обични акции со номинална вредност од 51,129 евра. Според берзанските податоци, на слободниот пазар не се забележани тргувања во последните 52 недели. А, пак, статистиката на блоковите покажува дека имало вакви активности, но одамна: во 2006, 2011 и во 2012 година.

    ГИМ постои од 1975 година, а подоцна е трансформиран во акционерско друштво. Има развиена мрежа на подружници во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Воедно, најголем сопственик е на Фабрика Карпош. Минатата година, според податоците од Бизнис Мрежа, во ГИМ за речиси 40 насто ги зголемиле приходите, кои изнесувале 12,9 милиони евра. Притоа, бил остварен профит од 585,6 илјади евра, повисок од претходниот за 106,6 насто. Работата ја вршеле 297 вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично