СЕКОЈ ВТОРНИК ПОПУЛАРНИ ХЕДОНИСТИЧКИ FINE DINE ВЕЧЕРИ НА ЛОКАЛНА И СВЕТСКА КУЈНА ПОДГОТВЕНА ОД ВРВНИ ЛОКАЛНИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ГОТВАЧИ СПАРЕНИ СО МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТИРАНИ И ПРЕМИУМ ВИНА ОРГАНИЗИРАНИ ОД VINOPEDIA – ПРВАТА МАКЕДОНСКА ВИНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИА ДОСТАПНИ ВО Д ХАУС | THE HOUSE – СКОПЈЕ
Скопје располага со богата понуда на угостителски услуги достапни во повеќе национални и интернационални угостителски објекти. Она што ја карактеризира таа понуда е нејзината идиличност која се пресликува скоро низ сите типови и видови ресторани прилагодена према моменталната ситуација и стандардната потреба на гостите.
ШТО Е FINE DINE?
Веднаш на стартот треба да направиме дикстинција и објасниме на читателите и гостите дека Fine Dine вечерите не се мешано месо на жар, скара на кило или избор на храна од мени познато како A La Carte кои обезбедуваат секојдневно и специфично искуство на храна по избор и мени од разни пијалаци .
Fine Dine претставува уникатна , неповторлива формална вечера и искуство на гастрономска уметност создадена и послужена на лице место подготвена од искусни и врвни готвачи.
Тоа е хедонистичко и гастрономско доживување пропратено со визуелно комзумирање на повеќе видови јадења комбинирани и спарени со соодветни пијалаци и вина кои се прецизно подготвени за да се обезбеди на гостинот не само повеќе од обичен оброк, туку незаборавна гастрономска патување и авантура запознавајќи ги вештините на уметност и креативност на познати и врвни готвачи заедно со винските приказни на послужените вина.
ШТО Е VINOPEDIA?
VINOPEDIA | претставува единствена македонска винска енциклопедија која има за задача да биде референтен извор на информации за винската индустрија за Македонија и македонските територии на Балканот достапна онлајн и во печатено издание!
Тимот на професори на VINOPEDIA од повеќе образовни универзитетски институци на едно место ги документира, архивира и промовира богатата културна ризница на винската култура и традиција низ историјата на Македонија, обезбедува консолидација и унифицираност на архивски, археолошки и други достапни историски и актуелни информации со детални описи на различни аспекти на винската индустрија од сорти на винова лоза до техники и технологи за одгледување преку различни нивоа на производствени процеси за вино до начини, традиции и адети на конзумирање на вино.
ШТО ВЕ ПОТТИКНА ДА ОРГАНИЗИРАТЕ ВАКВИ НАСТАНИ
Фактот дека едно поглавие на VINOPEDIA обработува т.н. Сомелиерски совети на спарување на храна со вина одлучивме овие искуства да ги реализираме во живо со цел навистина да направиме комбинации и спарувања на домашни македонски модерни рецепти и национални и традиционални светски јадења со македонски селектирани и премиум вина документирајќи и обезбедувајќи оригинални искуства, слики и видео материјали за потребите на енциклопедијата.
ДАЛИ СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА ИМААТ ПУБЛИКА – ГОСТИ ЗА ОВИЕ НАСТАНИ
Секако, не само локални, туку и присуството на странски гости допринесува секојдневно бројот на овој тип на гости да се зголемува и нивните потреби за гастроносмки авантури и искуства да стануваат помасовни. Бројот на популарно наречените хедонисти, вински етузијасти и љубители на вино учествуваат и допринесуваат да се развива оваа понуда на комбинации од храна и вино со што Скопје со својата туристичка понуда се позиционира со останатите светски метрополи во град препознаен и по својата уникатна и специфична гастрономска уметност.
ДАЛИ ЦЕНИТЕ ЗА ЕДЕН ВАКОВ НАСТАН СЕ ДОСТАПНИ ЗА ДОМАШНИТЕ ГОСТИ
Иако цените за гастрономски Fine Dine вечери реално започнуваат од 100тина евра па нагоре, нашите настани се веќе 50% субвенционирани од страна на VINOPEDIA со што реалната цена прилагодена према барањата и потребите на домашните гости. Моментално цената по лице изнесува 1.990 денари во која цена е вклучена храната и селектирани пијалаци – ракии и вина. На гостите им нудиме можност да заштедат дополнително од 10 до 40% ако доаѓаат во парови или групи од 4, 8 или 16 гости.
Вечерите се подготвуваат и сервираат за 12 пара или 24 лица.
КАКО ИЗГЛЕДА FINE DINE МЕНИ
Fine Dine менијата се составени од повеќе типови јадење и можат да бидат од 4 сервирања (ang. course) па до најголемата позната екстремност 21 сервирање. Нашите Fine Dine вечери се комбинација од 5 сервирања и тоа: почеток со закуска – мезе, прво ладно предјадење, второ топло предјадење, главно јадење и десерт. Сите сервирања и јадења внимателно се спаруваат со соодветни македонски пијалаци и вина со цел комбинацијата на уметноста на вкусовите да се доведе до совршенство.
На првата Fine Dine With Macedonian Wine – #FDWMW вечера беа понудени следните комбинации (слика мени).
КОИ СЕ ИСКУСНИТЕ И ВРВНИ ГОТВАЧИ КОИ СТОЈАТ ПОЗАДИ ОВАА ГАСТРОНОМСКА УМЕТНОСТ
Драго ни е што соработката со FRIENDS Full Taste од ФОР ТИМ ни овозможи да добиеме тим на три врвни домашни готвачи и слаткарка кои се главни уметници со кои се реализираат Fine Dine вечерите. Тоа се искусни познати готвачи и гастрономски уметници Андреја, Баже и Перица заедно со нивниот партнер и уметник Соња одговорна за слаткарската програма која ни подготвува слатки од нашите сонови и фантазии.
За настаните со интернационални светски кујни и специјалитети имаме гости готвачи познати и како шефови на кујни со кои овие настани ќе ги подигнеме на совршенства на вкусови на храна и вино достапни за пошироката македонска популација и гости на угостителските објекти.
КАДЕ МОЖАТ ВИНСКИТЕ ЕНТУЗИЈАСТИ, ЉУБИТЕЛИ НА ДОБРА ХРАНА И ХЕДОНИСТИ ДА СЕ ИНФОРМИРААТ ЗА #FDWMW НАСТАНИТЕ
Резервации и информации можат да направат преку социјалните мрежи, телефонски na 076-915715, на лице место во Д ХАУС Скопје | The House Skopje или преку платформата КАДЕ ИМА | kadeima.info.
Комерцијален текст