ПОВЕЌЕ

    Кроациа осигурување – Живот: Љубиша Вељковиќ го предводи Одборот на директори

    Време зa читање: < 1 минутa

    Повлекувањето на Марио Батарило од Одборот на директори, предизвика промени во составите на овие раководни тела во Кроациа осигурување – Друштво за осигурување на живот и во Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување. Љубиша Вељковиќ е именуван за негов наследник со мандат од четири години.

    За измените, двете друштва информираа преку известувањата објавени на Македонска берза. Притоа, се наведува дека членството на Баторели во Одборот на директори престанало на негово барање.

    Вељковиќ е новиот неизвршен член и претседател на Одборот на директори на Кроациа осигурување – Друштво за осигурување на живот. Во составот се и Бобан Томески – извршен член, Иван Залар – неизвршен член и Владимир Стефановски –  независен неизвршен член.

    Како што соопштија од Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување, Вељковиќ е избран за неизвршен член, а во Одборот на директори се и Роберт Вучковиќ, неизвршен член и претседател; Габриела Кулебанова, независен неизвршен член и Александар Манев, извршен член.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично