Економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот веќе го променува текот на светската економија, која повеќе ќе биде ориентирана кон дигитализација и автоматизација, оцени директорката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
Кризата дополнително ќе ја забрза трансформацијата на европските економии, а таа трансформација веќе е присутна, рече Лагард за време на видео конференцијата за економијата на францускиот регион Екс-ан-Сен, во Париз.
„Производството, пазарот, вработувањето доживуваат еволуција која треба да придонесе кон поодржлив начин на живот, што ќе биде и повеќе еколошки“ рече Лагард.
Според парискиот весник „Фигаро“, Лагард посебно се осврнала на работата од далечина или популарно за овој период работа од дома, која, како што оцени, ќе го трансформира начинот на функционирање на сите вработени, особено кога станува збор за развиените земји.
Таа, исто така, оцени дека ќе има значително зголемување на употребата на нумерички технологии и роботика во индустријата.
Согласно проценките на Лагард, ланците на снабдување ќе се намалат за околу 35%, а употребата на роботи ќе се зголеми меѓу 70 и 75%. Таа, исто така, потенцира дека евидентно е зголемувањето на интернет-плаќањата за малопродажба од почетокот на годината и ја повика Европската унија да развие единствен дигитален пазар.
Таа посочи дека регистрирано е зголемување на интернет-плаќањата за малопродажба од почетокот на годината и ја повика Европската Унија да развие единствен дигитален пазар.
Сепак, таа предупреди дека пандемиите обично ја зголемуваат нееднаквоста, со економски и социјални последици што треба да ги земе предвид Централната банка.
Пред предизвикот на новите трансформации, Европа е во одлична позиција да го прифати, новиот начин на економска реалност, додаде Лагард.