ПОВЕЌЕ

    „Кристал 1923″ ја продава стоковната куќа 26 јули на Бит пазар

    Време зa читање: 2 минути

    Собранието на акционери на Прехранбена индустрија КРИСТАЛ 1923 АД – Велес, на седницата одржана на ден 31.05.2022 година ја донесе следната одлука:

    Се одобрува продажба на градежни-деловни нефункционални објекти сопственост на ПИ КРИСТАЛ 1923 АД – Велес и тоа на:

    -Магацини во село Логоварди-Битола во вкупна површина од 17.511 м/2 од кои градежни објекти во површина од 5.647 м/2 и двор во површина од 11.864 м/2 на КП.бр.1148 евидентирани во Имотен лист бр.253 за КО Логоварди;

    -Продавница во Битола во површина од 167 м/2 на ул.Булевар 1-ви Мај бр.19, на КП.бр.10431, евидентирана во Имотен лист бр.70781 за КО Битола;

    -Стоковна куќа 26-ти јули во Скопје во површина од 1.370 м2 на ул.Крсте Мисирков бр.63 на КП.бр.8973 евидентирана во Имотен лист бр.40049 за КО Центар 1;

    -Продавница во Куманово во површина од 45 м2 на ул.3-та Македонска ударна бригада бр.бб на КП.бр.18351 евидентирана во Имотен лист бр.42120 за КО Куманово;

    -Магацин во Кичево на ул.Индустриска бб евидентиран на КП.бр.3074/2 за КО Кичево со право на конечна распределба од стечајната маса од 20,27%;

    Објектите ќе се продадат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарни цени кои се најповолни на продажбата за друштвото.       

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично