Џеф Кари, експерт за стоки во „Голдман Сакс“, смета дека криптовалутите се повеќе алтернативи за бакарот отколку за златото кога станува збор за заштита од инфлација.
Всушност, движењето на биткоините во последно време е прилично слично на бакарот: во средината на мај, оваа паричка достигна рекорд, а потоа изгуби значително во вредност до крајот на месецот.
„Постои добра и лоша инфлација. Добрата инфлација е предизвикана од поголема побарувачка. Биткоинот, бакарот и нафтата прават добра работа како заштита“. „Од друга страна, златото е заштита од лоша инфлација во услови кога паѓа снабдувањето, кога има недостиг на полупроводници и суровини“, изјави Кари.