Биткоинот утринава на азискиот пазар накратко падна под 21.000 долари, пред малку да се врати, продолжувајќи го својот пад бидејќи инвеститорите ги продаваа ризичните средства. Вредноста на биткоинот остана да лебди на околу 21.800 долари.
Најголемата криптовалута во светот падна за речиси 14% во изминатите 24 часа, додека ethereum падна за повеќе од 12% во истиот период, според податоците на Coinbase. „Се’ е запалено во моментов, било да се акциите, било да се крипто средствата или било што“, вели Нирмал Ранга, шеф на тргување и техничка анализа во крипто берзата ZebPay. „Она што го гледате на пазарот е … страв, несигурност и сомнеж. Технички, пазарите изгледаат препродадени и мора да има одредено ниво што ќе го достигнеме во биткоинот во наредната иднина“, рече тој за „Street Signs Asia“ на Си Ен Би Си.
Крипто-средствата беа закочени во понеделникот бидејќи платформите за тргување како што се Целзиус и Binance ги прекинаа повлекувањата, а некои компании ги намалија работните места. Целзиус рече дека повлекувањата, замените и трансферите меѓу сметките ќе бидат стопирани поради „екстремните пазарни услови“ и дека овој потег има за цел да ги „стабилизира ликвидноста и работењето“. „Денеска ја преземаме оваа акција за да го ставиме Целзиус во подобра позиција да ги почитува, со текот на времето, обврските за повлекување“, се вели во меморандумот на компанијата.
Во меѓувреме, Binance, најголемата берза за крипто во светот, го запре повлекувањето на биткоин на повеќе од три часа „поради заглавена трансакција што предизвика заостанување“.
Пазарната капитализација на криптовалутите се лизна под 1 трилион долари во понеделникот за прв пат од февруари 2021 година, покажаа податоците од CoinMarketCap. Во последните денови од пазарот се избришани околу 200 милијарди долари. Распродажбата на крипто се случува бидејќи инвеститорите нашироко ги избегнуваа ризичните средства во позадина на стравувања од потенцијална глобална рецесија додека големите централни банки ширум светот ги зголемуваат каматните стапки за да ја скротат инфлацијата.
Креаторите на политиките на Федералните Резерви на САД сега размислуваат за идејата за зголемување на стапката од 75 базични поени подоцна оваа недела, според Стив Лисман од Си Ен Би Си. Тоа е поголемо од зголемувањето од 50 базични поени што го очекуваа многу трговци. Растечките стапки имаат тенденција да направат идните приходи за средства за раст да изгледаат помалку привлечни.
Биткоинот падна за речиси 70% од својот историски максимум во ноември 2021 година.