ПОВЕЌЕ

    Костадиновски: Одлуката за член 218 може да направи „тектонско поместување“ и конечно државата и општините да ги плаќаат долговите

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека се разгледува исклучително важниот  член 218 од Законот за извршување. Според него, со овој член, државата, општините и јавните претпријатија практично имаат привилегирана позиција во однос на граѓаните и компаниите кога станува збор за наплата на долгови. Уставниот суд освен првиот став од членот, реши по сопствена иницијатива да го прошири предметот и на вториот став со кој се овозможува на судиите од основните судови, на подрачјето каде што се наоѓа должникот како државна институција, општина или јавно претпријатие – да одлучуваат дали и во колкав износ може да се спроведе извршување. Според Костадиновски, ваквото решение создава сериозни проблеми во владеењето на правото, бидејќи институциите можат со години да не ги плаќаат долговите. Затоа евентуалната одлука на Уставниот суд, како што вели, може суштински да ја промени правната практика во државата.

    „218 е толку нејасна, непрецизна норма, употребува дури и некој правен стандард, неопходни за вршење на дејноста, а во вториот став од членот 218 му се дава некое дискреционо право на претседателот на судот, тој да определи кои средства се неопходни за вршење на дејноста. Многу, многу лошо нормирана норма. Нас ни е јасна целта на законодавецот. Ние знаеме што сакале да постигне. Јавени интерес, тоа се јавни претпријатија за смет, за вода, за комунални услуги, но кога ќе прочитам дека долгот само на јавните претпријатија на општините изнесува околу 200 милиони евра. Тие 200 милиони евра се нечии пари. Тие не се имагинарни, не се виртуелни пари. Тоа се пари кои некој ги побарува.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично