ПОВЕЌЕ

    Контролинг | Интервју со Трајанка Алексова

    Време зa читање: 5 минути

    Каква дисциплина е  контролингот, дали е луксуз или неопходна алатка за управување во компаниите?

    Контролингот е внатрешниот глас и здравиот разум на компанијата!

    Контролингот е најдобриот економски советник и бизнис партнер на менаџментот!. Оваа дисциплина иницира промена на начинот на размислување во компанијата. Негова задача е да се занимава со стратешките цели на компанијата насочени кон создавање на профит, а не само максимизирање на приходите и зголемување на пазарното учество.

    Контролингот се фокусира на иднината и дава одговор на клучни прашања кои го трасираат патот до успехот.

    На секоја компанија потребен и е поглед кон иднината. Потребни се податоци за трендовите, што можеме да очекуваме во иднина, кои ризици ни се закануваат и како да ги избегнеме, во кои производи повеќе  да се вложува а кои производи треба да се напуштат, кои купувачи ни генерираат добивка, кои пазари да се развиваат, на кој начин компанијата да се финансира итн.

    Нема успешна компанија без квалитетни информации и добро поставени деловни процеси.

    Сега е вистинско време за ревидирање на бизнис моделите во компаниите. Тие не можат повеќе да работат базирајќи се на минатите искуства, треба да носат паметни одлуки со оглед на променетото сензитивно опкружување, а за паметни одлуки потребен е добар економски советник, квалитетна и навремена информација.

    Сметам дека контролингот е значајна алатка за успех на компаниите, а придобивките и користа  се значително поголеми од вложувањата.

    Во денешно време информациите се моќ, а контролингот овозможува достапност до клучни информации. Често се вели дека контролерите гледаат она што останатите не можат да видат…

    To be an excellent Controller means to open your mind and watch what nobody sees.

    На кое ниво е развојот на контролинг професијата во Македонија?

    Големите компании имаат имплементирано контролинг или работат на имплементација, но поголемиот дел од малите и средните компании сеуште се базираат и ги носат одлуките базирајќи се на сметководствените податоци од минатото.

    Динамичното бизнис опкружување и силната конкуренција вршат сериозен притисок врз компаниите и истите се соочуваат со предизвик за носење на брзи и разумни одлуки.

    Честопати компаниите имаат одлични приходи, но од друга страна се соочуваат со проблеми со ликвидноста, загуби и сл. и поради недостаток на информации и стратешки поглед не можат да ги идентификуваат клучните причини кои довеле до тоа. Токму поради тоа, сметам дека овој тренд значајно ќе ја забрза еволуцијата на контролингот во Македонија.

    Зошто изборот е Академијата за контролинг?

    Моето долгогодишно искуство во областа на финансиите, на позиција финансов директор ги опфаќа речиси сите аспекти од финансиите, вклучувајки и финансии во мултинационална компанија.

    Професионалниот развој и едукација е процес кој треба постојано да го негуваме. Мојата одлука е овој деликатен период да го искористам за збогатување на моето знаење.

    Вниманието на прв поглед ми го привлече програмата за Академијата за контролинг, пред се поради фактот што едукацијата се базира на практична настава, односно се обработуваат примери од пракса, Меѓународно признаен сертификат и Networking-от кој се спроведува преку работилници, конкретни примери од областа на финансии и контролинг и панел дискусии.

    Дополнителен аргумент кој го иницираше моето внимание и одлуката за избор на оваа Академија е фактот дека контролингот е  многу актуелна тема во светот,  алатка без која нема успех, тема која е неицрпна.

    Ваша препорака за едукативениот центар “КОНТРОЛИНГ БИЗНИС ЦЕНТАР“?

    Програмата за Академијата за контролинг се одвива во 3 модули, согласно програмата на Германската Controller Akademie од Минхен и секако со Меѓународно признаен сертификат.

    Голем дел од наставата е практична, односно се обработуваат примери од пракса, учесниците се професионалци кои доаѓаат од најголемите компании и несебично го споделуваат своето знаење и искуство. Особено би сакала да го истакнам и Networking-от  кој се спроведува преку работилници на кои се обработуваат примери од областа на финансии и контролинг.

    Дополнителна вредност на оваа обука дава и сертифицираниот предавач Митка Мојсовска, која има широко практично искуство и особено искуство во процесот на имплементација на контролинг. Несебично ги споделува своите знаења и практични искуства.

    Имајќи го во предвид моето долгогодишно работно искуство и многубројните обуки, можам слободно да кажам дека оваа обука со еден збор е одлична, интерактивна, вклучува многу практика, полезна буквално за секоја компанија и е една од најдобрите обуки на која сум присуствувала.

    Особено ја препорачувам за менаџери на мали и средни компании, кои се соочуваат со сериозни предизвици на пазарот, а од друга страна не ги знаат придобивките од контролингот.

    Упис на слушатели во ВТОРА генерација на Академија за Контролинг – CA Controller Akademie

    Најдобар начин за унапредување во кариерата е усовршување во моментално најбараните практични дисциплини, Контролингот денес е една од нив, а едуцираните контролери во целиот свет имаат фантастични можности за развој и напредување . Патот кон успехот ќе ви биде многу едноставен со помош на сертификат или диплома од најдобрата светска школа за контролинг CA Controller Akademie од Минхен.

    Контролинг Бизнис Центар е партнер на Германската Controller Akademie од Минхен,  наставата се одвива во нашиот центар на ул. Владимир Комаров 20/1 Скопје која вклучува 96 работни саати.

    Сертифициран тренер: Митка Мојсовска

    Пријава на: [email protected] / 071 334-845

    Дознајте повеќе на: www.controlling.mk

    Уписите се во тек!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично