ПОВЕЌЕ

    Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања

    Време зa читање: 2 минути

    Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, кои покажуваат постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата. Овие податоци се особено значајни, бидејќи ја истакнуваат промената во навиките на граѓаните во насока на сѐ поголема  употреба на платежните картички при иницирање на плаќањатакако и  користење на решенијата за мобилно плаќање кај електронските кредитни трансфери (платните налози).

    Во третиот квартал од 2024 година се забележува  значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата. Трансакциите  со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2% по број и за 13,6% по вредностОвој раст најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2%, како и растот од 8,8% на плаќањата преку терминалските уред ПОС.

    Покрај тоа, забележан е и годишен раст во бројот на  плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за  9,9%, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2%. Ова укажува на натамошно зголемување на употребата на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Најзначајни се резултатите од употребата на апликациите за мобилно плаќање, кои покажуваат годишен раст од 50,2% во бројот на платежните трансакции споредено со истиот период од 2023 година. Во рамките на овие податоци, се истакнува податокот дека граѓаните извршиле 65% од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за  иницирање на платежните трансакции.

    Податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, освен што ги опфаќаат платежните трансакции на граѓаните во земјата, вклучуваат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата. За повеќе информации, податоците се достапни на следнава врска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично