За побарување од 7,3 милиони евра кон „Гофи“, поврзана со семејството на бизнисменот Трифун Костовски, „Комерцијална банка“ активирала хипотека за два објекти. Притоа, меѓу нив не е објектот каде беше сместена пропаднатата „Еуростандар банка“, туку се работи за објектите познати како „Поштенска банка“ и „Палата Македонија“, објави Фокус.
„Комерцијална банка“ веќе се стекна со сопственост врз зградата на „Поштенска банка“ и води постапка за извршување на хипотека врз уште еден објект познат како „Палата Македонија“, кои беа во сопственост на семејната компанија на бизнисменот Трифун Костовски – „Гофи“, еден од акционерите на веќе пропаднатата „Еуростандард банка“.
Според информациите што ги добивме од „Комерцијална банка“, тие имале побарување од „Гофи“ во износ од 7,3 милиони евра за кредити обезбедени со хипотеки – недвижен имот, одобрени во 2015, 2017 и 2018 година, пред отварањето на стечјаната постапка, објавуваат од Фокус.