И оваа година златните славејчиња повторно ќе застанат на сцената и ќе ги отпеат своите хитови. И оваа година Комерцијална банка АД Скопје ќе го поддржи најстариот детски фестивал во земјава „Златно славејче“, кој го слави својот 50-ти роденден.
Заради новонастанатите услови, Фестивалот годинава ќе се одржи на 26 септември на отворено – на Големиот паркинг во СЦ „Борис Трајковски“.
Фестивалот ги негува и промовира композициите за деца создадени од најголемите музички автори во оваа област, а кои децата понатаму ги препознаваат како песни на своето детство. Банката со својата поддршка за овој Фестивал уште еднаш потврдува дека како општествено одговорна компанија го следи и помага развојот на младата популација.