ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: За младите без плата – пакет бесплатни производи и дигитални услуги

    Време зa читање: < 1 минутa

    За младите кои немаат редовни месечни примања, а се на возраст до 29 години, Комерцијална банка нуди пакет финансиски производи и услуги. Ослободен од било каков надомест.

    Бесплатниот пакет се состои од:

    платежна сметка во денари и/или во девизи;

    дебитна картичка Visa или Mastercard;

    активирање и користење мБанка и Интернет банка;

    активирање и користење мТокен;

    Google Pay и Garmin Pay;

    безготовински налози за плаќање на факултет;

    неограничен број интерни плаќања со електронски налози;

    плати на пријател преку телефонски именик;

    промена на ПИН на дебитна картичка;

    обнова на истечена дебитна картичка;

    три проверки месечно на состојба на сметка преку банкомат.

    Во најава е уште една бесплатна дигитална услуга – подели сметка со пријател, која наскоро ќе биде достапна.

    Младите што ќе се заинтересираат за оваа понуда, можат да отворат сметка и да го активирааат пакетот со барање во која било експозитура на Комерцијална банка.

    Доколку платежната сметка се отвора целосно онлајн со OneID, пакетот за млади се активира при подигнување на картичката во избраната експозитура.

    За вработените, пак, на возраст до 29 години, Комерцијална банка има посебен пакет производи и дигитални услуги, со поволности и можности за задоволување на личните потреби и цели.

    Повеќе информации се достапни тука.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично