ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Комерцијална банка вработува помлад соработник за администрирање кредити и гаранции со почетна плата од 28.670 денари

      Време зa читање: 3 минути

      На скопска Комерцијална банка и е потребен помлад соработник за администрирање кредити и гаранции. Оттаму ветуваат пријатна средина во која се ценат личните вредности и каде што можат да се остварат професионалните цели и активно да се учествува во модерниот развој на банката.

      Работнатна позиција: Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)

      Тип на вработување: На определено време од 12 месеци

      Работно време: 40 часа неделно

      Почетна основна нето-плата: 28.670,00 денари

      Огласот важи до 09.04.2023 година

      За оваа позиција се предвидени следните работни цели и задачи:

      • Oтворање кредитни партии, доделување каматна група и задолжување на кредитите;
      • Изготвување амортизациони планови и испраќање на комитентите;
      • Книжење на задолжувањата и раскнижување на извршените уплати од страна на клиентите согласно договорните одредби или согласно инструкциите од службеникот за односи со клиенти или непосредниот раководител за кредитните партии;
      • Подготвување пресметки и книговодствени картици за тужење и стечај;
      • Дефинирање партија за денарска гаранција, доделување каматна група и задолжување на гаранцијата;
      • Книжење извршени уплати по основ на денарски гаранции;
      • Пресметка и печатење каматни листи и доставување до комитентите;
      • Изготвување налог, негова проверка и спроведување во случај на протестирање на денарска гаранција.

      Потребни квалификации и способности:

      • Завршено високо образование од областа на економските науки (предност ќе имаат кандидатите со насока: сметководство и ревизија);
      • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
      • Без работно искуство;
      • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
      • Прецизност во извршување на работните задачи;
      • Ориентираност кон потребите на клиентите;
      • Адаптибилност во динамична работна средина;
      • Комуникациски вештини за работа во тим.

      Придобивки за Вас:

      • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
      • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
      • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
      • Доброволно приватно здравствено осигурување
      • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

      Заинтересираните можат да пополнат апликација или да достават CV на vrabotuvanje@kb.mk или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)”.

      Телефон за контакт: (02) 3168-467

      На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, а изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично