Комерцијална банка останува посветена на одржливото делување со континуирано зголемување на производството на електрична енергија преку сопствениот фотоволтаичен систем.
Зелената заштеда на Банката во 2024 година изразена во бројки значи произведени 124,43 MWh електрична енергија за сопствени потреби и спречена емисија на 65,95 тони CO2 во атмосферата. Со ова Комерцијална банка ја штити животната средина, ги поддржува напорите за намалување на јаглеродниот отпечаток и создава подобра и одржлива иднина.
За шест години, откога започна со сопственото еко-производство на електрична енергија, Банката произведе 407,7 MWh електрична енергија и спречи емисија на 216,1 тони CO2. Оваа „зелена“ заштеда на Комерцијална банка е еквивалентна на засадени 6.022 дрвја.
Банката има инсталирано фотоволтаични системи на покривите на Управната зграда во Скопје со моќност од 22,5 kW, во Филијалата Прилеп од 45 kW и во Филијалата во Куманово со моќност од 30 kW.
Нашата зелена заштеда не е само бројка – тоа е чекор напред во заштитата на природата и пример за одговорно корпоративно работење. Комерцијална банка останува посветена на еколошките иницијативи, вложувајќи во чиста енергија и поддржувајќи одржливи решенија. Заедно можеме полесно да направиме разлика.