ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка партнер на Најдиме.орг.мк за полесно и побрзо наоѓање исчезнати деца

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка како високо општествено одговорна компанија ќе биде првата банка во земјава што на своите банкомати ќе споделува информации за исчезнати деца со цел нивно побрзо наоѓање.

    Банката ја има честа да биде партнер на платформата Најдиме.орг.мк, која започна да функционира во Македонија како проект на организацијата Новинари за човекови права. Комерцијална банка ја поздрави оваа благородна иницијатива и со учество на конференцијата на која беше промовирана веб-страницата Најдиме.орг.мк.

    Оваа веб-страница е во насока на воведување Амбер алерт систем за рано предупредување за исчезнати деца во нашата земја, а Комерцијална банка ќе придонесе за овој систем ефикасно да функционира со споделување информации преку својата мрежа на банкомати низ целата држава.

    На екранот на секој банкомат на Комерцијална банка, кога ќе се јави потреба, ќе биде споделена слика од исчезнатото лице и телефонски број на кој треба да се пријави доколку некој го види исчезнатото дете.

    Во денешно време, постојат сѐ повеќе механизми и канали кои овозможуваат информацијата за исчезнати деца брзо да се рашири и да стигне до што поголем број луѓе. Но, за жал, постојат и сѐ повеќе ризици и разни предизвици кои може да го одвлечат вниманието на децата и да ги изложат на сериозни опасности. Во такви услови, грижата за заштита на децата и на нивните основни права е голем предизвик.

    Комерцијална банка во духот на своето корпоративно мото „Полесно е заедно“ верува дека во ваков вид проекти треба да се вклучат сите општествени чинители кои можат да дадат свој придонес. Ние сме подготвени да го дадеме нашиот придонес за што помалку исчезнати деца и за нивно што побрзо наоѓање, при што искрено посакуваме никогаш да нема потреба да се вклучи Амбер алерт во земјава.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично