ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Од 1 јануари изменети услови за користење на платежните сметки

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од првиот ден на 2025 година ќе стартува примената на внесените измени и дополнувања во општите услови кои се поврзани со користењето на платежната сметка и на платежните услуги, а се однесуваат за граѓаните, информираат од Комерцијална банка.

    Измените предвидуваат целосно онлајн аплицирање, анализа, одобрување, исплата и потпишување договор за онлајн потрошувачки кредит со електронска идентификација преку One ID. Исто така и информација за засилена автентикација при најава на Интернет банка и мБанка, како и информации и препораки за користење на картичка на Интернет. А, пак, за корисниците на MasterCard World дебитните картички ќе се укине постојната бонус програма со подарок картички и ќе се воведе нова интерактивна програма за лојалност од јануари 2025 година.

    Општите услови се јавно објавени на веб-страницата на Комерцијална банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично