ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка започна со испраќање известувања до граѓаните на кои ќе им издаде Домашна платежна картичка

    Време зa читање: 3 минути

    Комерцијална банка АД Скопје од денеска (10 јуни) започна со испраќање известувања до граѓаните на кои, согласно владината Уредба со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, ќе им издаде домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги.

    Картичките се уште се во фаза на изработка, а најдоцна до 18.07.2020 година Банката ќе ги изработи и ќе ги дистрибуира во експозитурите и филијалите, од каде ќе може да ги подигнат корисниците. Сите граѓани кои ќе треба да ја добијат платежната картичка „Купувам домашно“ преку Комерцијална банка дополнително ќе бидат известени кога, како и каде да си ја подигнат картичката од Банката. Платежната картичка ќе им биде издадена бесплатно.

    Ги информираме граѓаните дека не треба да преземаат никакви активности околу издавањето на платежната картичка се додека не бидат повикани за да си ја подигнат. За картичките не се аплицира и не се поднесува никакво барање и затоа граѓаните немаат потреба со таа цел да ги посетуваат експозитурите и филијалите на Комерцијална банка. На тој начин остануваме одговорни во време на епидемија на Корона вирус и го штитиме своето и здравјето на другите граѓани.

    Сите информации во врска со постапката и потребните документи за издавање на платежната картичка „Купувам домашно“ од страна на Комерцијална банка се достапни на следниот линк.

    Истакнуваме дека картичката се издава лично на корисникот на финансиската помош, кој со себе треба да носи важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), а за малолетно лице без документ за идентификација задолжително е присуство на родител/старател и поседување извод од матична книга на родени.

    Финансиската поддршка од домашната платежна картичка ќе може да се користи од денот на приемот заклучно со законски предвидениот рок од страна на Владата на РСМ (15.08.2020) и исклучиво со картичката „Купувам домашно“.

    Не може да се користи со употреба на кој било друг платен инструмент, ниту за:

    –          подигнување готовина од банкомати, од ПОС терминали или со налог за исплата на готовина на шалтерите на банките,

    –          конверзија во странска валута или замена за готовина,

    –          плаќање производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали,

    –          подигнување готовина на банкомати и други терминали опслужувани од нерезиденти и/или резиденти вршители на дејност надвор од територијата на Република Северна Македонија,

    –          пренос на парични средства кон други сметки во банката издавач на ДПК и/или кон други сметки кај друг носител на платен промет, независно дали е тоа сметка на лицето корисник на финансиската поддршка или е сметка на друго физичко и/или правно лице,

    –          плаќање за македонски производи и услуги кои не ги исполнуваат дефинициите од уредбата со законска сила,

    –          плаќање на правни и физички лица кои не го исполнуваат условот за вршење на дејност согласно уредбата со законска сила,

    Повеќе информации во врска со домашната платежна картичка „Купувам домашно“ може да добиете и на веб страната www.kupuvamdomasno.gov.mk. Граѓаните кои имаат трансакциски сметки во повеќе банки на истиот тој линк може да проверат во која банка ќе им биде издадена картичката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично