ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка го зголемува бројот на членови на Управниот одбор на Банката – од три на пет

    Време зa читање: 3 минути

    Комерцијална банка изврши корекции во Предлог-Одлуката за измена на Статутот на Комерцијална банка АД Скопје и истата заедно со Образложението за направените корекции, е објавена на Македосна берза.

    Врз основа на член 48 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Собранието на Банката, на седницата одржана на 30.03.2022 година, донесе Oдлука за измена на Статутот на Комерцијална банка АД Скопје

    Одлуката за измена на Статутот на Комерцијална банка АД Скопје бр.02-190-10/1 од 29.03.2021 година во Пречистениот текст на Статутот бр.02-180-59/1 од 01.04.2021 година, во член 75, став 3, зборот „три“ се менува со зборот „пет“.

    Во истиот член став 4 се менува и гласи:

    „Со Одлуката за именување на Управниот одбор на Банката, се определува Претседател на Управниот одбор на Банката кој носи назив Главен извршен директор. Останатите четири члена на Управниот одбор носат назив Главен оперативен директор, Главен финансов директор, Главен директор за корпоративно банкарство и Главен директор за продажба и развој.“

    Во истиот член став 5 се менува и гласи:

    „Поделбата на надлежностите меѓу членовите на Управниот одбор на Банката по одделни сегменти на работењето на Банката е следна: Главниот извршен директор е надлежен за финансиските извештаи на Банката, човечки ресурси и општи работи, односи со јавност и маркетинг, корпоративно управување, управување со имотот на Банката, усогласеност со регулативата и спречување на перење пари, внатрешна ревизија и внатрешна контрола и за информативната сигурност; Главниот оперативен директор е надлежен за платен промет во земјата, платен промет со странство и трезорско работење; Главниот финансов директор е надлежен за управување со ризиците, деловна 3 политика и планирање, финансиско работење, ликвидност и финансиски пазари и анализа на финансиските извештаи; Главниот директор за корпоративно банкарство е надлежен за кредитирање на стопанството и мрежата на филијалите на Банката; Главниот директор за продажба и развој е надлежен за правни работи, наплата на проблематични побарувања, работење со население и информатичка технологија.“

    Во истиот член по став 5 се додава нов став шести по ред и гласи:

    “Во однос на надлежностите на Управниот одбор во делот на внатрешна ревизија, Главниот извршен директор обезбедува непречено работење на на Дирекцијата за внатрешна ревизија односно осигурува дека Дирекцијата за внатрешна ревизија има пристап до документацијата и до вработените ва Банката со цел за непречено спроведување на нејзините активности.“

    Предлог-Одлуката за измена на Статутот на Комерцијална банка АД Скопје е достапна на следниот линк: https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=58163

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично