ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка 41-ва на SEE TOP 100 најголеми банки во ЈИЕ

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка го достигна 41-то место на листата SEE TOP 100 најголеми банки во Југоисточна Европа. Во рангирањето базирано на финансиските извештаи за 2024 година, Комерцијална банка бележи крупен исчекор, подобрувајќи го пласманот за четири позици. Причина за напредокот е растот на вкупната актива. И, и уште еднаш го потврди статусот на најдобро рангирана македонска банка на оваа листа објавена од порталот SeeNews.com.

    Во домашна конкуренција, Комерцијална банка е убедливо на прво место.

    „Овој успех е резултат на континуираниот раст на вкупната актива и на стабилните финансиски перформанси, што ја позиционира Комерцијална банка како лидер во домашниот банкарски сектор и значаен фактор на регионално ниво“, истакнуваат од Банката.

    На SEE TOP 100 и годинава се најдоа шест банки од Македонија. Рангирањето претставува традиционална годишна анализа која ги претставува најголемите и најуспешни банки, компании и осигурителни друштва во Југоисточна Европа, нудејќи преглед на економските трендови и деловните достигнувања во регионот.

    SeeNews е независен меѓународен извор на бизнис вести, со фокус на пазарите во развој од југоисточниот дел на Европа.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично