ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка предупредува на измамничка кампања за злоупотреба на финансиски податоци

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање СМС пораки за наводна „достава од пошта“ со цел злоупотреба на финансиски податоци.

    Заштити ги твоите платежни картички од можна злоупотреба и не кликај на линк добиен преку СМС порака за наводна пратка, ниту споделувај податоци од платежната картичка по телефон. За да се заштитиш од злоупотреба, никогаш не треба да споделуваш податоци од картичката на сомнителни страни.

    Важно е да знаеш дека Банката никогаш нема да побара да испратиш лични и финансиски податоци преку социјалните мрежи, преку порака или по телефон.

    Доколку се сомневаш во можна злоупотреба на твојата картичка, веднаш треба да ја блокираш или да ги намалиш лимитите за нејзино користење преку м-БанкаИнтернет банка или со јавување на телефонскиот број (+389 2) 3247-474, кој е достапен 24/7.

    Сподели ја информацијата на сите на кои мислиш дека ќе им користи.

    Повеќе совети за безбедно користење на картичките дознај на следниот линк: https://kb.mk/soveti-karticki.nspx

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично