Во оваа модерна ера, криминалните групи се користат со широк дијапазон на активности со цел исполнување на своите цели преку злоупотреба на системите на финансиските институции.
Затоа субјектите мора да се потпираат на системот на контроли кои имаат за цел собирање податоци за клиентите т.е „Запознај го својот клиент (KYC)“.
Воведување на ваков систем не само што служи за целите на спречување на измама, туку исто така ги исполнува регулаторните обврски за усогласеност со регулативата што го дефинира обемот на активности што треба да се спроведат со цел адекватно запознавање на нашите клиенти. Ефективниот KYC вклучува познавање на идентитетот на клиентот, неговите финансиски активности и ризикот што тие го претставуваат.
Дали го познавате вашиот клиент? Како субјекти согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам може да се соочите со можни казни, санкции и како и репутациски ризик, доколку услугите што ги нуди Вашата компанија се злоупотребат од страна на „перач” на пари или терорист.
„KYC“ се однесува на чекорите преземени од страна на субјектите за:
- Идентификација на идентитетот на клиентот
- Разбирање на природата на активностите на клиентот (примарна цел е да се уверите дека изворот на средства на клиентот е легитимен)
- Проценка на ризиците за перење пари поврзани со тој клиент заради следење на активностите на клиентот.
Есенцијален елемент за успешна примена на програмата за перење пари е идентификацијата и верификацијата на клиентите и во тој процес изготвување на проценка на ризик користејќи го пристапот базиран на ризик, како на институционално ниво, така и на ниво на поединечен клиент. Додека програмата за идентификација дава насоки, институцијата мора да го одреди точното ниво на ризик и политиката за прифатливото ниво на ризик.
ПОТРЕБНИ ЧЕКОРИ И УСЛОВИ ЗА ЕФИКАСЕН KYC
Минималните услови за стапување во деловен однос е да ги поседувате следните податоци за клиентот, физичко лице:
- име и презиме
- дата и место на раѓање
- место и адреса на живеалиште или престојувалиште
- единствен матичен број или број за идентификација и број на документот за идентификација
- органот кој го издал и датум на важност
Откако ќе се обезбедат овие информации, субјектите мора да го проверат идентитетот на клиентот, обезбедувајќи ги потребните документи (документи за лична идентификација, документи за потврда на адреса итн.). Од особена важност е да утврдиме дали клиентот е носител на јавна функција и соодветно истото да го документираме.
Следниот чекор е потребата од утврдување на финансиската состојба на клиентот и очекуваниот обем на деловниот однос, како и производите и услугите што клиентот ќе ги користи. Преку утврдување на овие фактори на ризик, за секој клиент поединечно е потребно да се утврди профилот на ризик што тој клиент го претставува за нашата компанија.
Постапките за верификација на идентитетот вклучуваат документи, недокументарни методи или комбинација од двете. Што би значело дека за секој клиент потребно е да се користат и методи за скриниг на санкциски листи, проверки во бази на податоци за негативни информации, како и проверка на листи на носители на јавни функции.
Сите овие активности се достапни преку автоматизиран софтвер присутен и кај нас:
- автоматска проверка на листата на носители на јавни функции издадена од УФР;
- автоматска проверка на санкциски листи;
- автоматска проверка на негативни информации;
- проценка на ризик за секој клиент одделно;
- cloud решение за чување на сите податоци што сте ги обезбедиле од клиентите;
- 24 часовен пристап до сите податоци на брз и ефективен начин.
ПОРАКА
Непочитувањето на регулативата честопати е проследено со големи казни и правни последици, вклучително и репутациски ризик. Со цел да се избегнат такви ситуации, воведување на ефикасен систем на контроли кои имаат за цел собирање податоци за клиентите т.е „Запознај го својот клиент (KYC)“, како и ангажирање на квалификуван тим за нејзино спроведување, е императив.
Технологијата стана критичен дел од политиките за спречување на перење пари, бидејќи им олесни на институциите многу полесно да ги почитуваат регулативите. Користејќи специјални платформи за усогласеност, компаниите сега можат лесно да ги истражуваат своите клиенти и да осигурат декa не стапуваат во деловен однос со ризични клиенти.
Овој голем напредок станува суштинска алатка за борба против перењето пари!
Автор:
Александар Велков
Основач на Metricity и CFCS (Certified Financial Crime Specialist)