ПОВЕЌЕ

    Колку чинат кредитните трансфери во денари?

    Време зa читање: 3 минути

    Провизиите за кредитен трансфер во денари во земјата се разликуваат зависно од тоа дали средствата се префрлаат во рамките на истата банка или кон друга банка, како и од платниот систем што се користи. Податоците се од Народната банка, од базата наменета за граѓаните, кои на увид ги имаат износите на банкарските услуги.

    За кредитен трансфер во денари преку интернет мрежата, кога средствата се префрлаат на сметка во истата банка, не наплатуваат надомест: Алта банка, Комерцијална банка, НЛБ банка, ПроКредит банка, Силк Роуд банка, Стопанска банка Скопје, ТТК банка, УНИ банка и Шпаркасе банка.

    Надомест од 5 денари по трансакција наплатуваат Капитал банка, Халк банка и Централна кооперативна банка.

    Кога трансферот се врши кон сметка во друга банка, провизијата зависи од тоа дали се користи платниот систем за малите плаќања – КИБС или платниот систем за плаќања во реално време – МИПС.

    Кај КИБС, провизиите најчесто се движат од 10 до 16 денари по трансакција. Најниска провизија има Комерцијална банка (10 денари), додека повеќето банки наплатуваат од 14 до 16 денари. Во ЦКБ цените се движат од 15 денари (за износи до 50.000 денари) до 20 денари (над 50.000 денари). Единствено УНИ банка не наплатува надомест.

    Кај МИПС (плаќања во реално време), провизиите се повисоки и најчесто изнесуваат од 50 до 55 денари по трансакција. Исклучок се три банки. Халк банка – 100 денари за износ до 4.999.999 денари, а за износ еднаков или над 5.000.000 денари наплатува 0,009% од износот. Тарифата на Централна кооперативна банка е 80 денари, а на Капитал банка 70 денари.

    Што се однесува до иницирањето денарски кредитен трансфер преку банкомат, достапно е само во три банки – Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје и Халк банка. За оваа услуга не е предвиден надомест.

    М.А.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    Пред да повлечете кеш од банкомат – проверете ја провизијата!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично