ПОВЕЌЕ

    Кока-Кола покажа како би изгледало нејзиното име на глаголица

    Време зa читање: < 1 минутa

    По повод 24 мај, денот на светите Кирил и Методиј и на словенската писменост, руската подружница на Кока-Кола реши да го претстави своето име испишано на глаголица – првото словенски писмо создадено токму од Солунските браќа.

    „Каков е тој јазик? Дали е навистина од нашата планета? Се работи всушност за првото словенско писмо – глаголицата. Доколку во извесен момент не беше заменета од кирилицата, симболите на глаголицата денеска ќе се наоѓаа секаде околу нас“ – стои во објавата на Кока-Кола Русија на Фејсбук.

    Иницијативата на Кока-Кола ја прифатија и други брендови во Русија, вклучувајќи ги и двата најголеми мобилни оператори МТС Русија и МегаФон, веб-компанијата Mail.Ru, адвертајзинг агенцијата 9 Pandas, теливизијата Пјатница и повеќе други, кои исто така претставија како нивниот бренд би изгледал доколку глаголицата останеше во употреба.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично