Повеќе од 780 илјади евра се платени за акции на Комерцијална банка. Пакетот содржи две илјади акции, кои сега се во сопственост на познат купувач, со оглед на тоа што се работи за блок трансакција.
Реализираниот блок е евидентиран во денешната дневна официјална листа. Според наведените податоци, акциите се купени по единечна цена од 24 илјади денари, а во вкупна вредност од 48 милиони денари.
Оваа акција е убедливо најтргувана на берзата. Па, и денес со неа се тргувало на официјалниот пазар, при што е направен промет од 10.550.900 денари или од 171,5 илјади евра. Овој износ е за истргуваните 439 акции по цена од 24.033,94 денари. Тоа е дневниот просек, каде што има негативна промена од 0,27 проценти.