Кај стоте најголеми работодавачи има вкупно 88.281 вработен. Ако се земе предвид дека на крајот од 2023 година се евидентирани 573.372 осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување, тогаш дури 15,4 насто од сите вработени се токму во овие 100 фирми. Оттука, особено е значаен податокот за тоа колкави плати исплаќаат тие.
ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА КАЈ ФИРМИТЕ СО НАЈМНОГУ ВРАБОТЕНИ Е 44.178 ДЕНАРИ
Просечната нето-плата кај 100-те најголеми работодавачи е 44.178 денари. Притоа, како најниска просечна плата од 517 денари (очигледно, станува збор за сатница, а не плата) има во Друштвото за спортски активности и обезбедување ОСА Бранко ДООЕЛ Скопје. Таму имало 354 вработени во 2024 година.
На дното од табелата е Друштвото за производство, трговија и услуги СЕРТА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со просечна нето-плата од 20.511 денари, па Друштвото за трговија и производство СЕКЕ ДООЕЛ Прилеп со просек од 23.157 денари. Во конфекцијата ТЕКСПОРТ ДООЕЛ Марино, Илинден просекот бил 23.428 денари. Со ниска просечна плата лани било и Друштвото за производство, трговија и превоз ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје (24.339 денари). Просечна плата под 30.000 денари давале уште 10 фирми од оваа група.
5 најголеми работодавачи со најниски просечни нето-плати во 2024 година
Извор: Бизнис мрежа
СО ПРОСЕК ОД НАД 100.000 ДЕНАРИ ИМАЛО 5 КОМПАНИИ
Во пет компании од листата на 100 најголеми работодавачи просечната нето-плата е над 100.000 денари. Во овие компании работат вкупно 2.946 вработени. Освен Бехтел и Енка, која во јавноста е веќе добро позната градежна компанија, со договорот за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10, сите други компании се од информатичкиот сектор.
5 најголеми работодавачи со највисоки просечни нето-плати во 2024 година
Извор: Бизнис мрежа
Редакција Пари
Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНO: 100 КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ДОБИВКИ во 2024 година