ПОВЕЌЕ

    КОЈ ФРЛИЛ ОКО НА ТТК БАНКА? Во два дена три блока – купени уште 1.765 акции 

    Време зa читање: 2 минути

    Уште една блок трансакција со акциите на ТТК банка. Трета во првите два работни дена од неделава. Познат инвеститор купил 1.765 акции од оваа банка. За нив платил 2.612.200 денари, односно речиси 42,4 илјади евра. По 1.480 денари за акција.

    Всушност, по истата единечна цена како и претходните два блока, реализирани во понеделникот, кои имаа вкупна вредност од над 102 илјади евра. За тие пари купувачот или можеби купувачите добил(е) 4.252 акции од ТТК банка – во едниот пакет 2.690, а во другиот 1.562 обични акции. Првиот чинел 64,7 илјади евра, вториот над 37,5 илјади евра.

    Акцијата на малата успешна банка го привлекува вниманието на инвеститорите, но блоковите зачестија токму последниве денови. Впрочем, на овие три им претходела само една ваква трансакција. Според податоците од Македонска берза, се случила на 11 јануари. Тогаш биле купени 1.641 акција по цена од 1.407 денари. Вредноста на блокот изнесувала 2.308.887 денари или околу 37,5 илјади евра.

    Во полугодишниот берзански билтен, пак, кај податоците за тргувањето со акции од котираните друштва, за ТТК банка е забележано: максималната постигната цена е 1.545, минималната 1.365, а просечната 1.447,02 денари; за шест месеци преку 135 трансакции се истргувани 11.524 акции, со кои е направен вкупен промет од 16.609.792 денари, односно 269.747 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично