ПОВЕЌЕ

    Кој е најголемиот производител на автомобили во светот?

    Време зa читање: 2 минути

    Тојота во 2020 година го престигна Фолксваген и по пет години повторно ја презеде круната како водечки производител во светот со најпродаван автомобил по што падот на побарувачката поради пандемијата го погоди посилно германскиот ривал.

    Тојота соопшти дека нејзината глобална продажба во групата падна за 11,3 проценти во 2020 година на 9,528 милиони возила, додека групацијата Фолксваген забележа пад од 15,2 проценти и испорача 9,305 милиони автомобили, објави Ројтерс.

    Производителите на автомобили ширум светот се сериозно погодени од ограничувањата на пандемијата низ целиот свет, кои ги принудија автомобилските компании да го намалат или прекинат производството на одредени погони за некое време.

    Тојота, сепак, делумно, подобро ја преживеа пандемијата затоа што Јапонија или нејзиниот домашен пазар, како и азискиот регион беа генерално помалку погодени од Европа и Соединетите држави.

    Бидејќи побарувачката за автомобили закрепнува, особено во Кина, Тојота, Фолксваген и други производители се натпреваруваат да земат што поголем удел на пазарот во растечкиот сегмент на возила (хибридни и целосно електрични автомобили).

    Тојота соопшти дека уделот на хибриди возила што ги продаде минатата година се искачи на 23 проценти од вкупната продажба, од 20 проценти во 2019 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично