ПОВЕЌЕ

    Костадиновски: Кога политиката е нервозна – тоа значи дека Уставниот суд си ја работи работата

    Време зa читање: 2 минути

    Независноста на Уставниот суд е една од клучните теми во функционирањето на правната држава. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ претседателот на Судот Дарко Костадиновски, вели дека Уставниот суд мора да биде институција која ќе ја држи политиката во рамките на Уставот. Тој потсетува дека во минатото често постоела перцепција дека судот е под влијание на извршната власт. Според него, денес судот покажува многу поактивна улога и тоа предизвикува нервоза кај политичарите. Но токму тоа, како што вели, е доказ дека институцијата ја извршува својата уставна функција. Кога и владата и парламентот се незадоволни од одлуките на судот, тогаш, според него, тоа е знак дека судот е независен.

    „За мене најголем комплимент за мојата работа е штом политиката е нервозна. Дали политиката преку политички партии или преку нивно претставување во државни органи, штом тие се нервозни, значи, јас сум на добриот пат. Зошто што моја основна работа е да ја држам политиката во правни рамки. И само така се гради уставна дисциплина..“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично