Катерина Јанковиќ уште четири години ќе биде активна во работатат на Управниот одбор на НЛБ банка. Од 3 јануари 2026 година, во составот на највисокото раководно тело ќе влезе Кирил Бухов. А, ден претходно завршува мандатот на Игор Давчевски.
„Ве известуваме дека на ден 18.11.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија се издадени Решенија со кои се издава претходна согласност за именување/реименување на:
г-ѓа Катерина Јанковиќ, која е реименувана за Член на Управен одбор со мандат од 4 (четири) години, започнувајќи од 30.01.2026 година;
г-дин Кирил Бухов, кој е именуван за Член на Управниот одбор, со мандат од 1 (една) година, започнувајќи од 03.01.2026 година .
Со издавање на Решението од НБРСМ за именување на г-дин Кирил Бухов, Ве известуваме дека престанува мандатот на г-дин Игор Давчевски, Член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, заклучно со 02.01.2026 година“, се вели во известувањето од Банката.
Актуелниот состав на Управен одбор го сочинуваат претседателот Тони Стојановски, Петер Зелен, Игор Давчевски и Катерина Јанковиќ.
Аналитика








