ПОВЕЌЕ

    Кина може да го затвори Биткоин со само 7 милијарди долари годишно

    Време зa читање: 2 минути

    “Логика Капитал” смета дека Кина би можела да ја нападне мрежата биткоин со само 7 милијарди долари годишно. Мајкл Грин, главен стратег и партнер во советничката фирма Логика Капитал, алармираше за доминацијата на рударството на биткоин во Кина.

    Грин го нагласи доминантниот удел на “хаш-стапка” лоциран во границите на Кина, опишувајќи ја мрежата како „неверојатно ранлива“ од перспектива на Соединетите држави.

    „Огромното мнозинство на рударска активност се случува во региони како Кина, Русија и Иран, и ако вклучиме учество на рударски “базен”, тие контролираат над 90% од стапката на хаш.

    Ова не е децентрализиран систем“, рече Грин. „На пример, Кина решила едноставно да започне со ископување празни блокови за околу 7 милијарди долари годишно. За ваква држава, тоа не е ништо“.

    „Сосема е апсурдно што американската влада би се ставила во ситуација во која контролата врз монетарниот систем била изнесена на ист начин како што направивме аутсорсинг на производството на iPhone“, додаде тој.

    Но, Помп го опиша тврдењето на Грин како погрешно, тврдејќи дека Биткоин е „најсилната компјутерска мрежа во светот според секоја мерка.“ Тој ја забележа неодамнешната „диверзификација“ во кинеската централизација на стапката на хаш, нагласувајќи значително зголемување на хаш моќта, командувана од субјекти со седиште во САД.

    T.Д

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично