ПОВЕЌЕ

    КХВ и одобри на ТТК Банка да емитува трета емисија обични акции

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка може да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда – трета  емисија на 57.698 обични акции во износ од 57.698.000 денари, откако доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност. Акциите се наменети за постојните акционери по основ на употреба, односно распределба на остварената добивка за 2022 година и нераспределенaтa акумулирана добивкa од претходни години, во вид на дивиденда во акции сразмерно на нивното учество во основната главнина.

    Со ова, почетниот капитал на ТТК Банка ќе се зголеми за 944,5 илјади евра и ќе достигне вкупни 15,8 милиони евра. Основната главнина се зголемува со сопствени средства преку распределба на дел од минатогодишната добивка и исплата на дивиденда во акции со издавање нова емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, трета емисија на обични акции. Номиналната вредност е илјада денари за акција. И продажната цена е со истиот износ.

    По извршената трета емисија на акции, вкупниот капитал на ТТК Банка ќе изнесува 965.586.000 денари, односно 965.586.000 акции со номинална вредност од илјада денари.

    Што се однесува до нераспределената добивка за 2022, во износ од 60.855.368 денари (996,2 илјади евра), дел од 26.872 денари оди во резерви, а за дивидендата е определен бруто износ од 60.828.496 (995,8 илјади евра). За исплата на дивиденда во акции „сразмерно на акционерите на Банката, преку зголемување на основната главнина по пат на издавање нова емисија на акциии“ се предвидени 57.698.000 (944,5 илјади евра). А, за исплата на дивиденда „во паричен износ на поединечни акционери, кои според висината на номиналната вредност од една кација и ограничувањата на регулаторните тела не можат да се стекнат со акции од новата емисија“ –  696.389 денари (11.400 евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично