На Виз Ер Скопскиот маратон, од 11 илјади учесници – 120 беа од Комерцијална банка. Освен што настапи со рекорден број тркачи, КБ тимот постигна и импресивни резултати.
Во големата меѓународна конкуренција, Миомир Алексовски и Снежана Димовска го освоија високото 13 место во полумаратонот. Секој во својата конкуренција. Меѓу македонските учесници, пак, во трката на 21 километар Димовска беше деветопласирана, а Алексовски десетти.
Во одлична кондиција е и Марјан Шамоски. По истрчаните 21 километар, беше дел и засилување на еден од штафетните тимови на Комерцијална банка.
Со овој подвиг, вработените покажаа дека се посветени и успешни и надвор од работното место, а Комерцијална банка е горда на своите маратонци, на нивниот спортски дух и на тимската определба.