КБ тимот ја освои штафетната трка на хуманитарниот маратон Зегин Спектатрон 2025, со што уште еднаш покажа дека корпоративната посветеност не се мери само во финансиски резултати, туку и во личен ангажман за заедницата.
Победничкиот пар Миомир Алексовски и Снежана Димовска први ја минаа целта во штафетата 2х5 километри, додека вкупно 10 вработени од банката земаа учество – преку три штафети и четворица индивидуални учесници на трката од 10 км.
Освен спортскиот предизвик, оваа трка носеше и важна хумана порака. Средствата од котизациите за учество се наменети за поддршка на здруженија и институции кои работат со лица од аутистичниот спектар – тема која добива сѐ поголемо внимание и значење во современото општество.
Преку вакви настани, КБ тимот покажува дека корпоративната култура може да вклучува и здрав начин на живот, тимска солидарност и грижа за ранливите категории. Тоа е модел на одговорност кој гради доверба – и во спортот, и во општеството.