Со посебно задоволство објавуваме дека на овогодинешниот настан за награди на европските пензиски фондови одржан од страна на IPE во Ротердам – Холандија, КБ Прво е добитник на престижната награда „Best Passive Investment Management“.
Оваа награда е резултат на посветеноста на целиот тим на КБ Прво пензиско друштво, но воедно и признание за реформираниот пензиски систем во земјава.
Според еден од главните судии, наградата се темели на „многу добро структуриран пристап за инкорпорирање на максимално дозволената изложеност на странски акции на трошковно ефикасен начин, генерирајќи атрактивни приноси“.
IPE (Investment & Pensions Europe) е водечка европска публикација за институционални инвеститори и пензиски фондови чии податоци и информации ја даваат најавторитетната слика за пензиските средства ширум континентот.
Продолжуваме кон нови успеси!
За подетални информации околу наградата и самиот настан посетете го линкот:
https://ipe.swoogo.com/awards-2022/winners2022