ПОВЕЌЕ

    КАЗНИ ОД 275 ЕВРА ЗА СЕЛФИ – Во овој град правилата како превентивни мерки

    Време зa читање: 4 минути

    Ограничените услови за правење селфи и санкционирањето на „непослушните“ туристи, правило донесено од властите на италијанското надалеку познато место Портофино и чија примена веќе била тестирана за време на велигденските празници, предизвикува големи реакции. Иако не е прво во светски рамки. Веројатно, ни последно.

    Во случајот на Портофино, со казни од 275 евра за туристите кои подолго се задржувааат на одредени локации каде што прават селфи фотографии, властите се обидуваат да ги заштитат петстотината жители на малото рибарско место. Во екот на туристичката сезона, за да направат што подобро селфи, туристите ги блокираат тесните улички и го оневозможуваат движењето. Затоа, предвидената казна се смета за начин кој ќе помогне во избегнувањето на „анархичниот хаос“, како што вели градоначалникот Матео Виакава.

    Станува збор за локации, од кои туристите имаат екстра поглед на популарниот залив. И, како што изјавил градоначалникот за „Анса“, меѓу центарот на градот и плажата се воведува црвена зона, а ограничувањето важи секој ден од утринските па се до 18 часот. Така ќе биде до октомври.

    И во други земји има правила на однесување, односно за „селфирање“.

    Експертите за фотографија од порталот ParrotPrint.com посочиле седум локации, каде што снимањето селфи е строго забрането, а некаде, како и во Портофино, следуваат казни.

    На првото место е Њујорк, со објаснување – во зоолошка гради на, на карневал или во циркус, забрането е да се прави селфи со која било „голема мачка“. Законот донесен уште во 2014 година ја ограничува интеракцијата меѓу луѓето и животните, како што се тигри, лавови и други од семејството големи мачки. Целта е да се спречат евентуалните повреди и можните смртоносни последици.

    Иако британските туристи реагираа, а тамошните медиуми пишуваа за уредбата во Портофино, на второто место од листата на порталот е – Лондон. Кулата изградена како кралска резиденција, која била политички затвор, кралска ковачница на пари, кралска менажерија и место за погубување, денес е дом на крунските скапоцености. Кои посетителите можат да ги видат во близина на вооружени стражари. Но, скапоценостите се само за гледање. Фотографирањето е забрането, односно правењето селфи се смета за безбедносен ризик.

    Следува францускиот Антиб, поточно плажата Ла Гаруп. Во текот на летната сезо на туристите не смеат да се „селфираат“. Така е од 2014 година, а тоа е уредено со закон чија намена е да ги спречи фалбите на посетителите со одморот што го минуваат на ова место. Дури е воведена и „празнична спам полиција“ која внимава на гостите.

    Две свети локации се забранети за снимање селфи во Саудиска Арабија. Станува збор за Светата џамија во Мека и за Џамијата на Пророкот во Медина. Властите реагирале, односно ја вовеле забраната откако на интернет се појавиле селфи фотографии направени таму.

    Исто така, забрана има и на масовната трка со бикови која се одржува во Памплона, Шпанија. За ова причините се оправдани – поради правењето селфи луѓето би можеле да се изложат на опасност. Затоа, на учесниците не им е дозволено да носат уреди за снимање, а фотографирањето е забрането за сите. Доколку некој од учесниците не се придржува до правилата, мора да ја напушти трката. Освен тоа, може да биде уапсен или да плати казна од над 3.400 евра. Инаку, овој годишен настан во Памплона привлекува повеќе од два милиони туристи.

    Правење селфи со селфи-стап забранила компанијата West Japan Railway. Законот датира од 2015 година, а воведен е со цел да ги заштити лицата од можното удирање со стикот во жиците кои се над нивните глави, што би предизвикало струен удар. Исто така, и да се превенира евентуалното паѓање на шините поради невнимание додека се снима селфи.

    И во Калифорнија забраната е донесена поради слични причини како и во Њујорк. Да се избегне интеракција со диви животни. Оттаму, на езерото Тахо не е дозволено правење селфи со мечките.

    Колку и да изгледа чудно, „селфирањето“ е опасно по живот. Во светот се забележани околу четиристотини несреќни случаи, во кои луѓе го загубиле животот поради тоа што сакале да се фотографираат во посебно привлечен, но и опасен амбиент. Статистиките покажуваат дека на таков ризик најчесто се изложуваат туристите. За најопасна земја се смета Индија, а на тој список се и САД, Русија, Шпанија, Австралија… Најризични, пак, се водопадите на Нијагара, Големиот Кањон, бразилската плажа Пеења, водопадот Мланго во Кенија, Таџ Махал во Индија…

    На нам блиските простори, неколку несреќи од ваков вид се случиле на Плитвичките езера во Хрватска. Инаку, некои податоци велат дека во поголемиот број случаи, жртвите се мажи. Оттаму и советите упатени до сите кои сакаат да го овековечат моментот, а воедно се и адреналински зависници – прво да го разгледаат, потоа да се самофотографираат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично