ПОВЕЌЕ

    КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВЕШТАЧКИ „СЕ ПУМПААТ“ за да се прикаже буџетот како развоен

    Време зa читање: 4 минути

    Иако инвестициите во капитални проекти значат живот за македонската економија, сепак тие со децении не се реализираат според предвиденото, што стана како хроничен проблем. Приказната со капиталните инвестиции во Македонија од година в година постојано доживува реприза, но никако да доживее и промена

    Со ребалансот на буџетот скратени се скоро 2,6 милиони евра од инфаструктурните инвестиции. Занчително кратење има во патната инфраструкуира за изградба на Коридот 8 и 10 д. Овде од првичните  245,5 милиони евра  парите се кратат на  67 милиони евра. Повеќе пари од првичната сума предвидени се само за железницата. – пругата  од Коридорот 8 – делницата Бељаковце- Крива Паланка  и изградба на заедничка гранична станица Табановце . Овде сумата се зголемува од 31 на 55 милиони евра. Помалку  пари има за гасификацијата, од 19 на 13,5 милиони евра, речиси  преполовени се парите за изградба на старечки домови  и објекти за социјална заштита, за реконструкција на основни и средни училишта, за изградба на студенски домови, каде се скратени над  120 илјади евра . Значителн кратење има и за изгрдбата на нов кличнички центар во Скопје и Штип – од првичниот буџет од 2,5 милиони евра, сега суматата е тројно пониска – само 880 илјади евра.

    Универзитетскиот професор Марјан Петрески на прашањето од порталот „Пари“ зошто се кратат капиталните инвестиции со првиот ребаланс вели дека тоа е вообичаена пракса со години и не е изненадување, бидејќи при првото креирање на буџетот се планираат високи капитални инвестиции за да се промовира развоен буџет, но потоа до ребаланс се врши кратење, бидејќи капацитетот за реализација се движи околу 450 милиони евра годишно и е определен од капацитетите за соодветно планирање, тендерирање и сл.

    – Лично не гледам причина да се постапува така, да се надувуваат вештачки планираните капитални инвестиции, но таква е праксата во последниве 15 години. Тешко ни одеше да отвориме дебата за квалитетот и приоритизацијата на капиталните проекти на државата, наместо за нивниот наводен квантитет – истакнува Петрески.

    Според претседателот на Бизнис – Конфедерација на Македонија, Миле Бошков, пред сѐ, неопходно е да констаираме дека секоја Влада без оглед дали е на почетокот или во некоја друга „фаза“ од мандатот полагаат големи надежи и планови за големи резултати и реализација на големи проекти. Не може да знаеме точно, вели Бошков за „Пари“, дали свесно и вештачки се планираат големи капитални расходи, за подоцна во текот на годината низ ребаланс парите да завршат во останати расходи или, пак, навистина го планираат буџетот врз основа на презентирани проекти со целокупно завршена документација и обезбедена финансиска „конструкција“.

    – Сепак, мора да се напомене дека за реализација не е потребна само стратегија, план и политичка волја, туку треба да се ангажираат енергични менаџери, патем „смели“ да ги контролираат состојбите кога се оди по план, но и кога треба да се соочат со организациски, технички, професионални и партиски предизвици – упатува Бошков.

    Како што вели тој, оваа пракса треба да се надмине, плановите треба да се прават врз објективни проценки на сосотојбите и планови, а никако врз основа политички претпоставки, односно системска реализација врз основа на одговорност, без употреба на политички ургенции и влијанија доколку се појават проблеми и предизвици.

    -Треба да се формираат одговорни проектни тимови, со обезбедени системски одговорности и ингеренции, постојано да бидат информирани за реализацијата на проектот, со обезбедени средства за плаќања според реализација и ревизија на сработеното. Се подразбира дека одговорните мораат да обезбедат, особено менџерско влијаните – укажува Бошков.

    Најголемиот проблем, според него, се постојаните варијации со финансиските средства, политички влијанија врз реализацијата на проектите, политички реваншизам и опструкции особено при подготвување на документација, ниско ниво(или многу лошо ниво) на комуникација помеѓу институции, агенции, министерства, сектори и останата бирократија особено кога станува збор за интерсекторска и техничка комуникација од типот на дозволи од сверата на животна средина која се однесува на заштита, или подземна и надземна инфраструктура, или пак надомаестоци при експропријација, сериозен професионален и политичко мотивран егоизам и суета.

    Ние во Македонија, назадуваме во секоја сфера на модерно социјално и услужно општество. Патиштата се во незавидна состојба, железницата, здравството, училиштата, сместување на студентите и останатите ученици, јавниот превоз, ниско ниво на дигитални услуги и контрола, како и физичкиот и дигиталниот пристап до здравствени, социјални, образовни, производствени, услужни, трговски и туристички капацитети, на сето ова треба да се работи и да се реализира секој проект – посочува Бошков.

    К.М.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично