ПОВЕЌЕ

    Капитал ассет менаџмент рамо до рамо со врвни светски аналитички институции

    Време зa читање: 2 минути

    Единственото македонско друштво за инвестиционо советување Капитал ассет менаџмент Скопје со квалитетот, релевантноста и професионалноста на своите анализи застана рамо до рамо со најпознати светски брендови од областа на инвестициското банкарство. Имено, словенечката банка НЛБ го вброи Друштвото заедно со ЈП Морган, Дојче Банк, Рајфајзен банка Ерсте банка и неколку други познати брендови, како институција која со своите анализи активно го покрива работењето на НЛБ Групацијата. Ваквата информација ја потврдува професионалноста во пристапот на Друштвото кон квалитетот на анализите што се изработуваат за инвестициите кои ги прави за своите клиенти.

    „Со големо задоволство објавуваме дека нашата компанија официјално е вклучена на листата на институции кои го покриваат работењето на НЛБ Групацијата, придружувајќи се на истакнати финансиски институции како Дојче банк, Рајфајзен банка, ЈП Морган, Ерсте банка и други. Ова признание доаѓа по сеопфатна проверка на нашите материјали од тимот за односи со инвеститори на НЛБ Групацијата во Словенија, нагласувајќи го квалитетот и посветеноста на нашите аналитичари. Длабоко сме почестени дека сме вклучени во ваква престижна листа и за нас претставува своевидно признание за напорите и трудот што се вложени во нашето работење“, објаснува Коста Костадиновски, главен портфолио менаџер и основач на Капитал ассет менаџмент.

    Вбројувањето на Капитал ассет менаџмент со овие светски познати компании претставува сериозен комплимент за  единствената компанија од Македонија и поблискиот регион излистана на страницата на НЛБ групацијата како официјален аналитичар (https://www.nlb.si/analitiki).

    „Ова престижно вклучување означува значаен чекор напред за нашата компанија. Нашето вбројување во листа заедно со некои од најугледните имиња во финансиската индустрија, не само што ја зголемува нашата кредибилност, туку и ја одразува големата посветеност за извонредност во она што го работиме. Искажуваме искрена благодарност до НЛБ Групацијата за оваа можност и до нашиот посветен тим, чија напорна работа и професионалност го направија ова возможно. Ова признание служи како потврда за професионалноста на нашиот тим и високите стандарди што се стремиме да ги одржуваме во работата“, вели Костадиновски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично