ПОВЕЌЕ

    Каква е економската состојба според СДСМ и каде недостига една милијарда евра? – Фатмир Битиќи во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    СДСМ оценува дека економијата во земјата е одржувана со краткорочни мерки, додека суштинските проблеми остануваат нерешени. Фатмир Битиќи од СДСМ во поткастот „Каде се парите?“, дава детална фискална анализа и тврди дека реалната состојба е многу посериозна отколку што ја прикажува Владата. Според него, комбинацијата од пониски приходи, висок дефицит и акумулирани неплатени обврски создава дупка која се мери во милијарда евра. Овој товар, вели Битиќи, не исчезнува, туку се префрла во наредните години и ќе мора да се сервисира од идните буџети. Дополнително, има сериозно потфрлање во реализација на капиталните расходи.

    „Според тоа што сум доволно добро информиран, 100 милиони кои што требале да се сервисираат кон Бехтел не успеале затоа што ги немале на каса. Инаку, веднаш ќе беа многу повеќе. 20 милиони евра во овој момент се должи на домашните компании по основ на Закон за финансиска поддршка на инвестиции. Не се исплатени. Требале да се исплатат на 31.12.2025. Знаете зашто не се исплатени? Затоа што немало пари во буџетот. Вие, расходната страна може да ја контролирате и да ја менаџирате условно да кажеме, затоа што ќе го продолжите рокот на отплата за месец ден, за два месеци. Тоа еден ден ќе стигне. И затоа ако велиме, бројките се тие…“

    Фатмир Битиќи, СДСМ и поранешен вицепремиер за економија

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично