Она што започна како шега и пародија на тема криптовалути, инспирирано од смешна интернет-„мимика“, прерасна во вистинска криптовалута, а откако оваа валута стана тема на твитовите на Илон Маск, нејзината вредност скокна за 20%.
Извршниот директор на Тесла вчера објави твит на Твитер во кој се пошегува со биткоинот, па во еден момент го спомна „Доџкоин“, пишувајќи на твитот „Еден збор: Доџ“.
One word: Doge
— Elon Musk (@elonmusk) December 20, 2020
Овој твит ја зголеми вредноста на Доџкоин за 20 проценти и го вклучи во најбараните термини на Твитер. Технолошкиот милијардер отиде чекор подалеку, па во својата биографија на оваа социјална мрежа додаде дека тој е и поранешен директор на Догекоин, пишува Си-Ен-Ен.
Маск твитна за Доџкоин откако биткоинот ја достигна највисоката вредност досега, достигнувајќи 24.000 долари.
Доџкоин е создаден во 2014 година како пародија на популарната интернет-мимика „Доџ“, која вклучуваше слика на куче. Иако виртуелната паричка е создадена од шега, таа во моментов има пазарна вредност од скоро 570 милиони долари.