Протеините се еден од трите основни макронутриенти кои обезбедуваат енергија на човечкото тело, заедно со мастите и јаглехидратите. Протеините се одговорни за голем дел од работата што се врши во клетките, тие се неопходни за правилна структура и функција на ткивата и органите.
Кога станува збор за потребите и внесот на протеини секогаш се наметнува прашањето: Колку протеини му требаат на телото?
Количината на протеини што му е потребна на човечкото тело за дневен внес зависи од многу фактори и услови, вклучувајќи го целокупниот внес на енергија, возраста, мускулната маса, нивото на физичка активност и целокупното здравје. Внесот на протеини често се проценува врз основа на телесната тежина, како процент од вкупниот внес на калории (10-35%). Ако на вашето тело му се потребни 2000 калории дневно, 200-700 калории треба да потекнуваат од протеини. Препорачаниот опсег на внес на протеини е помеѓу 0,8 гр/кг и 1,8 гр/кг телесна тежина, во зависност од многу фактори. Луѓето кои се многу активни или кои сакаат да изградат мускулна маса обично треба да консумираат повеќе протеини. Некои извори сугерираат консумирање помеѓу 1,8 и 2 гр/кг за оние консументи кои се активни. Количината на протеин што една личност треба да ја консумира, не е точно утврдена и секој поединец треба да се консултира со специјалист, нутриционист, лекар или личен тренер, за индивидуалните потреби. Исто што е многу значајно е тоа дека вкупниот број на внес на протеини треба да биде распределен во неколку оброци.
Млечниот протеин спречува какво било потенцијално распаѓање на мускулното ткиво, и закрепнување после напорните тренинзи. Во моменти кога телото не внесува протеини, најдобра одлука за деновите полни обврски, кога немате време за подготвување оброци, или после тренинзи, е да додадете протеински пудинг.
Имлек протеин пудингот има 20 грама чист млечен протеин, што нуди неодолива комбинација на кремаста текстура и богат вкус, задоволство без додаток на шеќер, вишок калории и лактоза. Имлек протеин доаѓа во четири неодоливи вкуса на ванила, чоколадо, солена карамела и банана.
Придобивките од протеински пудинг е присутноста на 20 гр чист млечен протеин што е доволен внес во однос на потребите на еден оброк и висока и квалитетна апсорбција што го прави идеален за сите периоди кога на телото му е потребно протеин.