ПОВЕЌЕ

    Како бензинските наплаќаат поскапување од половина денар, кој не постои?

    Време зa читање: 2 минути

    Регулаторната комисија за енергетика ја корегираше цената на нафтените деривати. Дел од горивата од полноќ поскапуваат за половина денар. Литар еуросупер БС 95 ќе чини 67,5 денари, а дизел 58,5 денари.

    Поскапувањето за половина денар е честа одлука на регулаторите. Сепак како нафтените компании наплаќаат половина денар кога половина денар или 50 дени се укинати уште пред многу година.

    Од нафтената компанија Макоил велат дека потрошувачите во никој случај не се оштетени. Но не поради тоа што половина денар не можат да им вратат на возачите туку заради тоа што возачите кога точат горива бараат не во литри туку во пари.

    -Возачите кога доаѓаат да полнат гориво на бензинските на Макоил па и на останатите бензиски, не бараат да им се наточи на пример еден литар бензин туку велат наточи ми за двесте, петстотини или илјада денари и самата пумпа автоматски точи.Значи во никој случај возачите не се оштетени, вели Мите Јовановски од Макоил.

    Јовановски посочи и дека со зголемувањето на акцизата практично немаат никаква заработка, па Макоил попустот што го нудел на потрошувачите сега го укинал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично