Пробуваме разни начини а често посегнуваме и по суплементи во намерата да изградиме здрав организам со силен имунитет. Во оваа цел многумина забораваат дека патот кон силен и отпорен организам со функционален имунитет започнува со внесување разновидна и балансирана храна. Храната е извор на сè што внесуваме во организмот и затоа од нејзиниот состав зависат многу процеси, пред сè имунитетот. Со храната се внесуваат состојки кои учествуваат во многу процеси и го поттикнуваат имунитетот, затоа избраната храна треба да биде балансирана односно богата со хранливи состојки, макронутриенти, кои се составени од јаглехидрати, протеини и масти, витамини и минерали.
И нутриционистите сметаат дека за оптимално здравје важно е да се консумираат здрави масти, квалитетни протеини, доволно пробиотска и пребиотска храна, а заради влијанието што оваа храна го има врз организмот таа е наречена функционална храна. Покрај основната функција за исхрана, со својот состав поттикнува корисни процеси и го зајакнува имунолошкиот систем.
Функционална храна и функционални производи има насекаде, во многу зеленчуци и овошја, а има и готови производи чиј состав е збогатен со одредени состојки што ги прави функционални. Една од најкорисните состојки што има функционално дејство врз процесите во организмот се пробиотиците. Познати уште како „добри бактерии“ или чувари на здравјето, од нивното присуство во цревата зависи зајакнувањето на организмот. Со нивната функција и бројност, се создава баланс во цревната микрофлора што понатаму влијае врз целиот организам.
Затоа, вклучување на ферментирани млечни производи во секојдневното мени е клучот за добро дигестивно здравје од кое зависи целокупното здравје, а јогуртот со пробиотици е најзначајната функционална храна којашто содржи активни култури и има директно влијание во подобрување и зајакнување на гастроинтестиналниот систем. Како идеален производ којшто е достапен за секојдневна употреба и истовремено за заштита на дигестивниот систем е Баланс+. Ги содржи активните јогуртни култури LA-5 и BB12 и пребиотикот олигофруктоза како храна за пробиотиците. Улогата на пребиотиците е да ги хранат пробиотиците и со тоа да се засили нивното дејство врз добрите бактерии и воопшто во цревната флора.
За Баланс+, кој е единствениот јогурт во нашата земја за кој е направена и клиничка студија, потврдено е неговото благотворно дејство врз организмот. Со истражувањето е докажано дека со редовно консумирање по 500 грама дневно на Баланс+ за 10 дена може да се регулира варењето и дигестивниот систем.
Иако храната не е лек, сепак одредена храна може да биде директен фактор и предизвикувач на многу здравствени проблеми, исто како што функционалната храна има многу голем удел врз целокупното здравје.
Комерцијален текст