ПОВЕЌЕ

    „Kонцерт за сопран“ на „Скопски солисти“ со поддршка од Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Доследни на својата определба да помогнеме за збогатување на македонската музичка сцена, Комерцијална банка и годинава на свое задоволство го поддржа уникатното издание на Камерниот оркестар „Скопски солисти“ со „Концертот за сопран“.

    Ценејќи ја вредноста на овој музички перформанс, Банката донираше и 10 влезници на ученици во Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ со цел да им овозможи уште повеќе да го доближат своето знаење до музичката уметност.

    „Скопски солисти“ овој пат ќе ѝ приредат на публиката уживање во популарното Адаџо од Т. Албинони, Salve Regina на Г. Б. Перголези, Суита на М. Николовски, Серенадата на Е. Елгар, во изведба на Ивана Здравковска, сопран, под диригентство на Бисера Чадловска, шеф диригент во Македонската опера и балет.

    Долгогодишното партнерство помеѓу Комерцијална банка и „Скопски солисти“ се должи на заедничкиот стремеж да промовираме вредности во музичката култура и да ја негуваме домашната музичка уметност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично