ПОВЕЌЕ

    ЈОВАН ДИМИТРОВ ВО NEW BIZ PODCAST: Како микро и малите бизниси можат успешно да се дигитализираат?

    Време зa читање: 6 минути

    Дигиталната трансформација е од суштинско значење за микро, малите и средните претпријатија кои сакаат да ја подобрат нивната оперативна ефикасност, да ги подобрат искуствата на клиентите и да ја одржат конкурентноста во сè подигиталниот свет.

    Во новата епизода на New Biz Podcast, Наташа Велковска разговараше со Јован Димитров, експерт за дигитална трансформација од Центарот за дигитална трансформација „Go Digital“  кој докажува дека дигитализацијата не е резервирана само за големите компании – таа е можност за сите!.

    Што значи вистинска дигитална трансформација? Тоа не е само користење на Excel или воведување на нов софтвер, туку целосна промена на начинот на кој компаниите работат, планираат и се поврзуваат со клиентите.​ Како микро и малите бизниси можат успешно да се дигитализираат? Кои се клучните чекори за воведување на нови технологии? Каде да најдат финансиска и консултантска поддршка за трансформација? Како да бидат конкурентни на глобално ниво?​

    Со искуство во рекрутмент, финансии и банкарство, како и експертиза во маркетинг менаџмент, бизнис планирање, преговарање и дигитална стратегија, Димитров ни открива кои се конкретните чекори за компаниите да го направат овој скок. ​

    Според Димитров, тие се сретнале со огромен број на одлични примери на компании со визија, компании коишто се напредни по однос на своите цели за дигитализација и коишто сакаат да излезат надвор од границите на нашата земја да бидат успешни и конкуретни во светски рамки..

    Димитров го започнува разговорт во New Biz со патот што го изодил за да стигне до „Go Digital“, говори за тоа како се ределе коцките за да стигне до една ваква програма за трансформација.

    „Од моите најрани професионална ангажмани секогаш ме фасцинираше дигиталната технологија. Две – три години работев во Романија, но кога се вратив во Македонија, се вработив во банка, таму останав 12-13 години и се запишав на постдипломски на менаџирање на интернет – бизниси, затоа што некако ми звучеше фасцинантно и интересно и мислев дека таму е иднината и мислам и дека погодив. Во меѓувреме видов дека Македонија 2025 направи еден Центар за дигитална трансформација што се вика „Go Digital“ и аплицирав таму за да бидам дел од нив, тоа е како фондација замислена која што ќе ги помага малите и средните претпријатија во нивната дигитална трансформација“, раскажува Димитров.

    Целта на оваа фондација е да им помогнат на успешните мали и средни претпријатија да ја зголемат својата конкурентност преку примена на дигитални алатки. Како што технологијата продолжува да се развива, бизнисите мора да ги прифатат најновите дигитални трендови. Дигиталната трансформација е од суштинско значење за бизнисите кои сакаат да останат конкурентни во денешното опкружување со брзо темпо. Преку прифаќање на клучните дигитални трендови и користење стручни насоки, компаниите можат да отклучат нови можности за раст и

    „Пристапот којшто го има „Go Digital“ мислам дека е вистинскиот пристап затоа што таргетираат една група на компании којшто ги оставивме понастрана да се снаоѓаат сами и тие навистина се снаоѓаат и има прекрасен потенцијал од она што го видовме со оние компании што почнавме да работиме. Бидејќи големите компании издвојуваат средства за дигитализација за дигитална трансфромација за обуки и слично, малите компании помалку наоѓаат средства за сето ова, а потребата е голема. И пристапот на „Go Digital“ е да се идентификуваат токму тие компании коишто се успешни и се занимаваат со извоз и производство, а сето тоа ја расте економијата на една држава“, раскажува Димитров.

    Тој вели дека идентификувале дека на компаниите покрај финансиска помош им е потребна и експертска помош. И токму затоа тие поминале на сертификација на 17 луѓе коишто се сертифицирани консултанти за дигитална трансформација.

    „Сметавме дека не е само да им дадеш пари на некој и да му имплементираш какво било решение, туку треба малку и водење. Со помош на дигиталната трансформација, која што веќе е неизбежна, не само на светско  ниво, туку и кај нас, сите фирми треба да станат по продуктивни во своите процеси. Би требало да се намалат грешките кои што се случуваат од луѓето, да поттикнат нови идеи за нови процеси, нови производи или нови услуги кои што може да ги понудат претпријатијата и со тоа да бидат покомпетентни на пазарот. Покрај малите бизниси, од целата оваа приказна, голем придонес треба да добие и самата индустрија, економијата, а и самата држава, бидејќи ќе добијат поконкурентни претпријатија, кои што можат не само да се натпреваруваат на регионално ниво, туку и на светско ниво, со цел да бидат дел од снабдувачките синџири на многу поголеми светски претпријатија“, вели Димитров.

    Тој додава дека наидуваат и на проблеми во компаниите, отпор од страна на вработените. Некои луѓе нема да сакаат да ги имплементираат новити решение, бидејќи тие се научени така да си ги водат работите и не се отворени за соработка.

    „Отпорот кај вработените секогаш постои како проблем, потоа визијата кај раководството како проблем постои, исто така добавувачите се проблем – дали тие се подготвени да се приклучат на сето ова, дали корисниците на услуги се подготвени за дигитална трансформација, сите овие работи треба да се разгледаат да се направи комплетна анализа и да се види каде во кој дел може да се имплементира и тоа да оди целосно комплементарно. Низ процесот на дигитална трансформација ние сакаме да направиме интеракции со сите за да го најдеме соодветното решение. Но, откако ќе се најде треба да се комплементира со визијата на раководството и со вработените, треба транспарентно да се спроведе процесот и тогаш во тој момент велиме дека компанијата е подготвена за дигитална трансформација“, истакнува Димитров.

    Според него, треба компанијата да си види која е визијата и мисијата, бидејќи можеби компанијата има сопственик кој нема потомство – направил 50 години, сака сега да ја продаде компанијата, не му е во интерес.

    „Може, пак, раководството е постаро, па младите сакаат да навлезат во бизнисот – тоа се прекрасни споеви каде што се спојуваат младешкиот порив и искуството. Има примери каде што визијата им е компанијата да стане светска компанија – има такви супер примери, конкретно во Делчево каде што шијат за светски компании, итн. И затоа е многу важно каква е визијата и мисијата на компанијата и врз основа на тоа да се донесе решението дали ќе се прави дигитална трансформација“, објаснува Димитров.

    Но колку сме конкурентни како држава ако се споредуваме со регионот, со Европа, со светот, како котираме? Димитров вели дека дека сме назад во тој поглед, но бидејќи толку е се брзо – може многу лесно да се стигне, се отвораат можностите, само треба да компаниите да имаат интерес и да се подготвени, затоа концептот е базиран на многу строги и многу вредни принципи, на етика, професионалност и интегритет, но е долготраен и одржлив.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично